Top Sport

„Светците“ само ги налутија Тотенхем, „обновениот“ Њукасл стартуваше со победа над Форест

Тотенхем на Антонио Конте имаа совршен старт на сезоната, кога и покрај неубедливата игра и раната негатива, стигнаа до убедлива 4:1 победа над Саутемптон.

„Богаташите“ од Њукасл исто така победија со 2:0 против новиот прволигаш Нотингем форест, а три поени освоија и новкот Бурнемаут по 2:0 победата над Астон вила и Лидс по тешко извојуваната 2:1 победа над Вулфс.

Џејмс Ворд-Прауз во 12. минута ги шокираше домаќините, пред девет минути подоцна Рајан Сесењон да израмни по асистенција на Дејан Кулушевски, а Ерик Даер во 31. минута осигура Тотенхем да има 2:1 предност на полувреме. Триумфот и трите поени беа потврдени за три минути во второто полувреме –  Салису во 60. минута си постигна автогол, за три минути подоцна Кулушевски да се запише во листата на стрелците.

Њукасл дојдоа во водство во 58. минута со одличниот гол на Фабијан Шер, за Калам Вилсон во 78. минута да ја потври победата.

ПРЕМИЕРЛИГА, 1.КОЛО

Тотенхем – Саутемптон 4:1

Бурнемаут – Астон вила 2:0

Лидс – Вулверхемптон 2:1

Њукасл – Нотингем 2:0

Scroll to Top