Top Sport

Атлетико преговарале со Ракитиќ

Атлетико Мадрид ги започнале преговорите со Иван Ракитиќ, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на информацијата што ја објави радиото од Мадрид, Кадена СЕР.

Искусниот хрватски репрезентативец има договоро со Барселона до јуни 2021 година, но јасно е дека во клубот повеќе не сметаат сериозно на неговите услуги.

Кон крајот на минатата година спортскиот директор на Барселона Ерик Абидал изјави дека Ракитиќ нема иднина во клубот.

Атлетико сакаат да ја искористат оваа ситуација поради што веќе стапиле во контакт со менаџерот на Ракитиќ. Евентуалниот трансфер би можел да биде рализиран во јуни.

Во минатото Ракитиќ се поврзуваше со Јувентус, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но тој поради семејството има желба да остане во Шпанија.

Токму оваа ситуација сакаат да ја искористат од Атлетико за да ги обезбедат услугите на искусниот фудбалер.

Scroll to Top