Top Sport

Секоја чест! Лукаку за само три месеци го научи италијанскиот јазик (видео)

Додека Герет Бејл на пример, според некои извори и по шест години во Реал Мадрид не може да се разбира со своите соиграчи на шпанскиот јазик, новиот напаѓач на Интер, Ромелу Лукаку научи да зборува доволно добро италијански да може да дава интервјуа за италијанските медиуми.

Лукаку одлично се вклопи во „новиот“ Интер под водство на Антонио Конте, и има пет гола за клубот како најдобар стрелец во новата сезона. По драматичната 4:3 победа на гости кај Сасуоло, тој успеа да даде убаво интервју на италијански јазик.

Лукаку инаку е Белгиец, но поголемиот дел од животот го има поминато во Англија, каде што играше за Челси, Евертон и Манчестер јунајтед.

Scroll to Top