Top Sport

Србија против Луксембург ќе можат да ја гледаат само деца

Дисциплинската комисија на Европската фудбалска унија (УЕФА) го казни Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) со два натпревари без присуство на публика. Казната за вториот натпревар е условна, а ФСС казната ја доби поради пропустите во организацијата на натпреварот против Португалија, одигран во септември, во рамките на квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

Од УЕФА во ФСС не добиле поконкретно појаснување за казната, но извесно е дека на трибините ќе можат да присуствуваат деца на возраст до 14 години.

Србија во квалификациите за ЕУРО 2020 ќе го пречека Луксембург на 14 ноември, а три дена подоцна ќе игра против Украина.

Србите немаат шанси преку квалификациите да изборат пласман на континенталниот шампионат, единствена можност да се најдат на ЕУРО 2020 им е плејофот во Лигата на нации.

Scroll to Top