Top Sport

Барса со Меси против Интер, Елмас и Наполи на гости во Белгија

Натпреварите што вечерва ќе се одиграат во групите Е, Ф, Г и Х ќе го комплетираат второто коло во Лигата на шампионите.

Дербито на колото ќе се одигра на „Ноу Камп“ во Барселона каде ќе гостува лидерот во Серија А, Интер.

Барселона ќе биде со Меси во тимот, кој се се рехабилитирал од повредата, додека кај Интер ќе го нема првиот напаѓач Лукаку.

Мечот Барселона е можност двата тима да го поправат бледиот почетокот што го имаа во Лигата на шампионите.

Вечерва во Лигата на шампионите ќе игра и Елиф Елмас со Наполи. Италијанскиот тим ќе гостува во Белгија кај Генк. Наполитанците победија во првото коло против Ливерпул и евентуалн триумф во Белгија ќе им ги отвори портите на нокаут фазата.

Група Е:

18.55 Генк-Наполи
21.00 Ливерпул-Салцбург

Табела: Салцбург 3, Наполи 3, Ливерпул 0, Генк 0

Група Ф:

18.55 Славија Прага-Борусија Дортмунд
21.00 Барселона-Интер

Табела: Интер 1, Салвија 1, Барселона 1, Дортмунд 1

Група Г:

21.00 Лајпциг-Лион
21.00 Зенит-Бенфика

Табела: Лајпциг 3, Зенит 1, Лион 1, Бенфика 0

Група Х:

21.00 Лил-Челси
21.00 Валенсија-Ајакс

Табела: Ајакс 3, Валенсија 3, Челси 0, Лил 0

Scroll to Top