Top Sport

Селектор му одговори на Роналдо: Градиме тим, а не споменик на еден играч

Жорж Жезус и Кристијано Роналдо изградија големо меѓусебно почитување уште пред искусниот стручњак да го наследи Роберто Мартинез на клупата на португалската репрезентација.

Многумина во таа земја го доживеаја именувањето на Жезус како резултат на блискиот однос меѓу тренерот и напаѓачот, бидејќи претходно заедно работеа во Ал Наср.

Првиот пат кога селекторот се обиде да му покаже на 41-годишната суперѕвезда дека тој повеќе не е тоа што беше, дека неговата улога во тимот е поинаква во овие години и дека е време да се соочи со реалноста, настана хаос. Роналдо, прво не сакаше да тренира, а потоа демонстративно го напушти кампот на националниот тим и, за да биде уште полошо, објави соопштение (и започна кампања) во кое го обвини Жезус дека лаже и дека го предал.

Еден ден подоцна, селекторот доби шанса да му одговори на Роналдо .

„Ја прочитав изјавата на Кристијано вчера и мојата прва реакција беше едноставна – тој не требаше да објавува такви работи. Кога играч ќе почне да верува дека неговото име му дава право да ја доведува во прашање секоја одлука, тогаш имате проблем“, рече Жесус и продолжи:

„Кристијано Роналдо е легенда на Португалија, но легендите се паметат по она што го направиле – не им се загарантирани минути на теренот поради нивното минато. Не можам да изберам играч само поради неговата репутација и да го игнорирам она што ни го дава на теренот денес“.

„Луѓето постојано прашуваат зошто беше изоставен од тимот и зошто седи на клупата. Одговорот е поради фудбалот. Во моментов имам играчи кои можат да му дадат на овој тим поголем интензитет, повеќе движење и поголема рамнотежа. Ако Роналдо не може да го прифати тоа, тогаш тоа е негов проблем, а не мој“, рече тој и нагласи:

„Португалија не му припаѓа на Кристијано Роналдо. Таа му припаѓа на португалскиот народ. Ниеден играч не е поголем од националниот тим и никогаш нема да го жртвувам тимот само за да усреќам една суперѕвезда.“

Конечно, му испрати порака…

„Ако Кристијано мисли дека Португалија не може да функционира без него, тогаш треба да разбере едно нешто: Ние градиме тим, а не споменик на еден играч.“

Foto/ depositphotos

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');