Дарко Велковски поради повреда нема да биде во составот на фудбалската репрезентацијата на Македонија за октомвриските натпревари во Лига на Нации против Лихтенштајн и Ерменија.
Дефанзивецот на Ријека има руптура на задната ложа и поради тоа не е во можност да конкурира за настап на претстојните натпревари.
Селекторот на Македонија, Игор Ангеловски прати дополнителен повик за Ѓоко Зајков од белгиски Шарлроа.
Македонија во Лигата на Нации ќе го пречека Лихтенштајн на 13.октомври, а три дена подоцна ќе гостува кај Ерменија. По две кола Македонија со шест бода е лидер во групата.
извор: ffm.mk