Данскиот селектор Каспер Хјумланд, жали што неогвите фудбалери го продолжиле натпреварот со Финска на ЕУРО 2020. Натпреварот од првото коло во Б-групата, беше во прекин еден час, откако најдобриот дански играч, Кристијан Ериксен колабираше на теренот во 43.минута.
Откако, успеаја да го реанимираат, а потоа и да го префрлат во болницата во Копенхаген, фудбалерите на двете репрезентации го прифатија предлогот на УЕФА, натпреварот да продолжи. На крајот Финска забележа победа 1:0, Данците во финишот не реализираа пенал.
„Немавме притисок од УЕФА, веднаш да го продолжиме натпреварот. Ни понудија да продолжиме наредниот ден во 12 часот. Но, Финците имаат натпревар на 16., а ние на 17.јуни. Решивеме да продолжиме веднаш. Мислевме дека по она што се случи, дека нема да им биде лесно на фудбалерите да заспијат, а потоа ќе треба да играат натпревар. Ова беше полесниот избор. Фудбалерите така решија“, рекол селекторот на Данска и дополнил дека неговите фудбалери не требале да го продолжат натпреварот.
„Не требаше да играме. Фудбалерите различно реагираат на непланирани ситуации, ова за сите нив беше голем шок. Од разговорите со нив заклучив дека премалку време мина од шокот што го доживеаја во првото полувреме“.
Данска во наредната рунда ќе ја пречека Белгија, додека Финска ќе игра против Русија.