Top Sport

Селекторот на Хрватска: И јас и играчите се плашевме!

Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ признава дека неговата селекција со тешки маки славеше против Кипар (1-0) во мундијалските квалификации.

„Момците беа несигурни, се плашеа од грешка. Сакав да го одморам Модриќ, да го повлечам порано, но не можев, не бевме во состојба да ја потврдиме победата со уште еден гол. Во грч бевме, играчите не се на ниво, и јас се плашев од кикс“ рече Далиќ.

На прашање зошто Хрватска се мачи во овие квалификации, Далиќ дециден:

„Ова е поинаку од Лигата на нации. Таму игравме против јаки репрезентации дефанзивно, а сега мора да сме офанзивни. Ни недостасува и заедничка работа. Нема баш да оди како што замислуваме, ниту голот кој го постигнавме не беше од изработена акција“ рече Далиќ.

Можност за поправка на впечатокот „коцкастите“ ќе имаат за 3 дена, на дуелот со Малта.

Scroll to Top