Уругваецот Густаво Матошас (52) го напушти селекторското место во фудбалската репрезентација со образложение дека – му било досадно.
Матошас ја поднел оставката во моментите кога започнаа шпекулациите дека тој ќе седне на клупата на американскиот клуб, Атлетико Сан Луис кој се натпреварува во МЛС лигата.
„Не знаев дека да бидеш селектор на репрезентација е толку досадно“ изјавил на прес-конференција тренерот кој во кариерата седел на клупата на Пењарол, Америка, Атлас, Ал Хилал и Естудијантес Ла Плата.
Тој рече дека не се чувствува продуктивен како селектор.
„Тешко е да водиш екипа во која ги немаш играчите секој ден на располагае. Понекогаш мислам дека сум на одмор. Со ирачите сум една недела на секои два месеци, не мислев дека ќе е толку тешко. Не знаев дека ќе имам толку слободни денови, немам дневна рутина и се `убивам` гледајќи филмови. Тоа не сум јас“ изјави Матошас.
Тој на клупата на Костарика помина 11 месеци.