Top Sport

Селекторот на Палестина го нарече новинарот курва и си замина од прес-конференцијата (видео)

Селекторот на фудбалската репрезентација на Палестина, Нуредин Улд Али направи вистинско шоу на прес-конференцијата по 2:1 поразот од Сингапур во вторникот, откако испровоциран од прашањата на еден новинар го нарече курва и си замина од прес-конференцијата.

Алжирецот нервозно реагираше на прашањето зошто не го ротирал составот бидејќи очигледен бил заморот кај дел од фудбалерите кои играа при 2:0 победата над Узбекистан. На сингапурските новинари очигледно не им се веруваше што гледаат.

Scroll to Top