Top Sport

Компани: Ван Дајк е најдобриот бек во историјата на Премиер лигата

Легендата на Манчестер сити, Винсен Компани смета дека поранешниот ривал од Ливерпул, Виргил ван Дајк е најдобриот централен бек кој играл во Премиер лигата, пред имиња како Џон Тери и Рио Фердинанд.

Ван Дајк дојде во Ливерпул од Саутемптон во јануари 2018, тогаш како најскап дефанзивец на светот, и помогна „црвените“ да ја стабилизираат задната линија и го предводеше тимот до титулата од Лигата на шампионите, а тоа го забележаа и во УЕФА, кои му ја доделија наградата за најдобар фудбалер минатата сезона. Компани вели дека тој е најдобриот бек кого го гледал.

„Ван Дајк не е толку долго на теренот како што беа Тери и Фердинанд, но тоа што го покажа во последните години беше неверојатно. Ливерпул пред Ван Дајк имаа сосема поинаква игра, тоа е сигурно“, изјави Компани.

Ван Дајк има 78 настапи за Ливерпул и осум постигнати гола, а во 2018/19, првата цела сезона со него во тимот, тие примија само 22 гола, најмалку во Премиер лигата, откако претходните две сезони примаа 46, односно 42 гола.

Scroll to Top