Top Sport

Селекторот потврди – Кварацхелија наскоро заминува од Наполи

Селекторот на фудбалската репрезентација на Грузија, Вили Сањол, по поразот во Ваљадолид од Шпанија (3:1), рече дека фудбалерот на Наполи Хвича Кварацхелија наскоро ќе го напушти клубот од Неапол.

Кварацхелија (22) пристигна во Наполи во 2022 година од Динамо Батуми за 12 милиони евра. За тимот од Неапол одигра 58 натпревари и постигна 17 голови.

„Кварацхелија игра во врвен клуб. Сепак, за него сега се заинтересирани светски гиганти како Барселона, Реал и Баерн. Да се игра за тие клубови е сон на секој фудбалер. Сите играчи се надеваат дека еден ден ќе го облечат дресот на тие клубови и ќе освојат важни трофеи“, изјави Сањол, кој за Баерн настапуваше од 2000 до 2009 година.

Кварацхелија има договор со Наполи до јуни 2027 година. Според „Трансфермаркт“ неговата вредност е 90 милиони евра.

Scroll to Top