Top Sport

Селта го декласира Лас Палмас

Лас Палмас доживеа тежок пораз од Селта во последниот меч од осмата рунда во Ла Лига. Селта на Канарските острови славеше со 5:2.

Селта победата ја најави во првите 20 минути кога најпрвин Емре Мор во 16, а потоа и Аспас ги постигнаа првите два гола. Поранешниот напаѓач на Ливерпул потоа постигна уште два гола и го комплетира хет-трикот. Петтиот гол за готите од Виго е дело на Ернандес.

Во финишот, во последните три минути Витоло и Реми ја спасија честа на домаќинот.

По осум кола, Селта е десетта со 11 бодови, а Лас Палмас со само шест бода е на 18.место. н.ц.

Scroll to Top