Top Sport

Селта го шутнаа Ескриба

Фран Ескриба повеќе не е тренер на Селта, објави во соопштение клубот од Виго. Тренерот доби отказ поради серијата на лоши резултати оваа сезона.

Селта се наоѓа во опасната зона, а во првите 12 кола во Ла Лига, тимот под водство на Ескриба забележа само една победа и дури девет порази.

Во неделата бодовите од Виго ги однесе Хетафе. Екипата од Мадрид победи 1:0 со голот на Кенеди постигнат во 37 минута.

Овој пораз му пресуди на 54 годишниот тренер.

Ескриба на почетокот на летото ја презеде Селта, а во кариерата работел во Вилјареал, Хетафе, Елче…

Scroll to Top