Top Sport

Мајами ги „згазија“ Хјустон, во ЛА мега-пресметка на Ленард и Мичел (Видео)

Дебаклот на Хјустон на Флорида, брилијантниот Лука Дончиќ, шутерската пресметка помеѓу Каваи Ленард и Донован Мичел и новиот трипл-дабл на леброн Џејмс ја обележаа ноќта во НБА лигата.

Кошаркарите на Хјустон „како боси по трње“ минаа на гостувањето во Мајами. Првата четвртина Мајами ја добија со импресивни 46:14! На крајот победија 129:100. Мајами имаа шестмина кошаркари со двоцифрен број на поени, а најефикасен беше Данкан Робинсон (23 поени, шест скока).

Вообичаено Хјустон го предводеше Џејмс Харден со 29 поени, додека потфрли Расел Вестбрук, постигна 10 поени.

Дуелот на Лос Анџелес Клиперс и Јута Џез мина во знакот на Каваи Ленард и Донован Мичел.

Мичел беше најефикасен на мечот со 36 поени, меѓутоа Ленард го засени во последната четвртина која Клиперс ја добија (40:25), а тој постигна 18 од своите 30 поени.

Клиперс на крајот славеа 105:94.

Лос Анџелес Лејкерс извојуваа тешка победа во Сан Антонио 103:96. Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со трипл-дабл (21 поен, 11 скока, 13 асистенции), а центрите Ентони Дејвис и Двајт Хауард имаа довцифрен број на поени и скокови. „Веѓата“ запиша 25 поени и 11 скока, а „Супермен“ заврши со 14 поени и 13 скока.

Кај Сан Антонио се истакнаа Дехунте Мареј со 18 поени и 11 скока, односно Руди Геј со 16 поени и 10 скока.

Scroll to Top