Top Sport

Селта му нуди договор на Родригез

Колумбискиот ас Џејмс Родригез го раскина договорот со Сао Паоло, тој има желба да се врати во Европа.

По одличниот настап на Копа Америка, јасно е дека Родригез има уште што да каже во најсилната конкуренција. Тој веќе добил понуда од Шпанија. Селта му понуди на Родригез двегодишен договор.

Џејмс веќе играше во Шпанија за Реал Мадрид, на кој му се приклучи во 2014 година за 75 милиони евра.

Во својата кариера настапуваше за Банфилд, Порто, Монако, Баерн, Евертон, Ал Рајан, Олимпијакос и Сао Паоло.

За колумбиската репрезентација одигра 106 натпревари и постигна 28 гола.

Scroll to Top