Top Sport

Крај на Ла Лига, Селта останува прволигаш, Леганес немаше среќа (видео)

Заврши шпанската Ла Лига, вечерва се одиграа последните натпревари од 38. коло.

Иако шампионот е познат од минатото коло, денеска се одлучи која е третата екипа која покрај веќе испаднатите Мајорка и Еспањол од следната сезона ќе се натпреварува во Сегунда.

Тоа е Легањес, екипата која вечерва одигра 2-2 против новиот шампион Реал Мадрид.

Им одеше од рака резултатот на директниот конкурент за опстанок, Селта Виго одигра само 0-0 кај одамна испаднатиот Еспањол.

Леганес со минимална победа над Реал ќе останеше во првата шпанска лига, имаа иницијатива на крајот, повеќе шутеви упатија во рамките на голот на Ареола, но немаа среќа.

Селта и идната сезона ќе настапува во Ла Лига затоа што освои 37 бода, а Леганес со 36 се сели скала подолу.
Интересен меч се одигра во Валенсија каде Леванте (Енис Барди воопшто не беше во составот) со гол во 99 минута го победи Хетафе и не му дозволи да игра квалификации за ЛЕ.

Интересно е што гостите од Мадрид на овој меч имаа промашен пенал во 71 минута, а на асистенција на ВАР технологијата, судијата им поништи два гола.

Реал Мадрид, Барселона, Атлетико Мадрид и Севилја идната сезона ќе играат во ЛШ, Вилјареал и Реал Сосиедад ќе играат во групната фаза во ЛЕ, а Гранада ќе игра квалификации за ЛЕ.

Лигата ја напуштаат Леганес, Мајорка и Еспањол.

Резултати, 38 последно коло:
Атлетико (М) – Реал Сосиедад 1-1
Еспањол – Селта 0-0
Гранада – Атлетик (Б) 4-0
Леганес – Реал Мадрид 2-2
Леванте – Хетафе 1-0
Осасуна – Мајорка 2-2
Севилја – Валенсија 1-0

Scroll to Top