Top Sport

Селта сака да го купи Енис Барди

Шпанскиот прволигаш Селта Виго е сериозно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Енис Барди, откриваат медиумите на Пиринеите. Раководството на клубот се надева дека може да го доведе одличниот играч за врска на „Балаидос“.

Тренерот Едуардо Куде побарал од претседателот Карлос Мурињо да го доведе Барди во летниот преоден рок како засилување за средниот ред на тимот за следата сезона.

Леванте испадна од Ла Лига, а Енис Барди има клаузула во договорот според која може да си замине доколку клубот го напушти елитното шпанско друштво. Од друга страна, клубот има проблеми и со финансискиот фер-плеј и евентуалната продажба на Барди би била добредојдена во тој поглед.

Scroll to Top