Фудбалерите на Селта Виго и Рајо Ваљекано запишаа гостински победи над Лас Палмас, односно Ваљадолид, во деветтото коло на шпанската Примера.
Лас Палмас не успеа да ја победи Селат и покрај тоа што повеќе од 30 минути имаше двајца играчи повеќе на теренот.
Гостите од 57. минута играа со двајца помалку, бидејќи беше исклучен капитенот Јаго Аспас, а три минути пред тоа во соблекувалната замина и Илаиш Мориба.
Сепак, Селта успеа да се одбрани и да слави со голот на Борха Иглесијас постигнат во 28. минута.
Во исто време се одигра и натпреварот помеѓу Ваљадолид и Рајо Ваљекано, а гостите победија со 2:1.
Сите три гола беа постигнати во вториот дел. Домашните поведоа во 51. минута со голот на Селим Амала, а потоа гостите направија пресврт. Во 57.минута израмни Хорхе де Фрутос, а на 10 минути пред крајот истиот играч со вториот гол му го донесе триумфот на Рајо.