Севилја повеќе од 80 минути се мачеше да го најде патот до голот на Селта, и кога тоа конечно им успеа, гостите веднаш успеаја да израмнат и со 1:1 да освојат драгоцен поен на „Рамон Санчез Писхуан“.
Тимот на Хулен Лопетеги сезоната ја почна одлично, со две победи во низа (колку што има само уште Атлетико), но против Селта не можеа да постигнат гол, сѐ до 81. минута, кога Франко Васкез беше највисок во скокот по нафрлањето на Банега.
Но, веќе во 84. минута, Денис Суарез успеа да избега на одбраната на домаќините за да израмни на 1:1, резултат кој остана до финишот. За Селта ова е прво реми оваа сезона, откако имаа една победа и еден пораз.