Top Sport

Селтик го доби жешкото „Олд фирм“ дерби, избега на 13 поени пред Ренџерс (видео)

„Олд фирм“дербито помеѓу глазговските ривали Селтик и Ренџерс секогаш е едно од најжестоките на фудбалскиот календар, и ниту овојпат не разочара.

На „Селтик парк“, домаќините знаеја дека со победа ќе се одвојат на 13 поени пред Ренџерс, и работите тргнаа одлично, откако Французинот Одсон Едуар ги донесе во водство по 27 минути игра. Жестоката игра предизвика Алфредо Морелос да го добие петтиот црвен картон оваа сезона откако со лакт го удри Браун само четири минути подоцна.

Меѓутоа, наместо момците на Нил Ленон да ја искористат оваа предност, Рајан Кент во 63. минута израмни за Ренџерс, каде што тренер е легендата на Ливерпул, Стивен Џерард. Сепак, „зелените“ не пропуштија шанса да ги израдуваат домашните навивачи, откако Џејмс Форест во 86. минута донесе победа за славје на католичкиот дел на Глазгов.

На само седум кола пред крајот на шкотската Премиер лига, Селтик има 13 поени предност пред Ренџерс и е многу блиску до својата осма титула во низа.

Scroll to Top