Шкотскиот шампион Селтик го израмнија сопствениот рекорд стар 100 години, откако со ремито против Килмарнок во шкотската Премиер лига го забележаа својот 62. меч без пораз.
Менаџерот Брендан Роџерс направи шест промени пред мечот со Баерн Минхен од ЛШ во вторник, но и покрај слабиот меч, ремито 1:1 значеше израмнување на стариот рекорд. Претходниот рекорд беше поставен од ноември 1915 до април 1917 година од тимот предводен од Вили Мејс, и беше прекинат токму од тимот на Килмарнок, кој се обиде да стави крај и на оваа серија на модерните „бојс“.
„Играчите ги заслужуваат сите честитки. Ова е рекорд од 100 години. Ако одите чекор по чекор, ова се 17 месеци, 62 натпревари и мислам само 6 ремија. Успехот е неверојатен“, вели Роџерс.
Тимот ќе има шанса да го сруши овој рекорд против Сент Џонсон следната сабота.
First 1917, now 2017, history repeats itself.
Congratulations Brendan and the Bhoys! ? pic.twitter.com/YfQy6ft3eZ
— Celtic Football Club (@celticfc) October 28, 2017