Фудбалерите на Селтик ја обезбедија осмата последовна шампионска титула во Шкотска со убедливата победа на гостувањето кај Абердин (3:0). На два кола до крајот на сезоната Селтик имаат 12 бода повеќе од најголемите ривали Глазгов Ренџерс.
Гостите пре 15.000 навивачи првиот гол го постигнаа во 40 минута преку Микаел Лустинг, потоа во 53 минута гол постигна Шимуновиќ, а конечниот резултат го постави Едуард во 88 минута.
Селтик инаку ја освоија јубилејната 50 титула во првенството. Сезонава Селтик можат да ја освојат тројната круна, а за нешто такво ќе им биде потребно да го освојат ФА купот.