Top Sport

Селтик по драма пак го победи Ренџерс и го освои Шкотскиот лига куп (видео)

Селтик ја продолжи победничката низа во шкотските натпреварувања, триумфирајќи во Лига купот по драматична 1:0 победа над својот градски ривал, Ренџерс.

На „Хампден парк“, по тешкото прво полувреме играно на силен дожд, „зелените“ на Нил Ленон стигнаа до водство во 60. минута од мечот кога францускиот дефанзивец на Селтик, Криштоф Жулиен беше најснаодлив по една нафрлена топка.

Тимот на Стивен Џерард имаше совршена шанса да израмни само четири минути подоцна, кога беше досуден пенал, а Жереми Фримпонг доби црвен картон, но Колумбиецот Алфредо Морено топката ја дофрли само до рацете на голманот Фрејзер Форстер.

Scroll to Top