Top Sport

Селтик се распрашува за Јани Атанасов

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов кариерата би можел да ја продолжи во шкотскиот великан Селтик, пишуваат британските и хрватските медиуми.

Хајдук, актуелниот клуб на Атанасов, нема да се противи на трансферот, доколку Селтикс испрати „финансиски прифатлива понуда“. Не се наведува колкава сума би прифатиле во клубот од Сплит.

Атанасов е играч на Хајдук од 2020 година, лани тој го продолжи договорот.

Доколку Атанасот во реализира трансферот во Селтик, тој ќе боде вториот Македонец во Премиер лигата на Шкотска. Во актуелниот преоден рок, напаѓачот Бојан Миовски од МТК се пресели во Абердин.

Scroll to Top