Официјалната програма за мечот од Лигата на Европа меѓу Селтик и Зенит Санкт Петербург во четврток ги надминува сите очекувања, откако шкотскиот тим навистина се потруди во презентацијата.
Инспириран од американскиот стрип „Флеш“ (број 123 од 1961 година), на насловната се Скот Браун од Селтик и Александер Кокорин од Зенит како трчаат во своите градови кон трофејот.
Зенит преку официјалниот Твитер профил имаа една забелешка – дека го искористиле стариот грб на тимот од Русија, но Селтик одговори дека тоа е направено во „чест“ на нивниот најславен европски триумф – титулата од УЕФА купот од 2008 година, кога Зенит со 2:0 ги совлада вечните ривали на Селтик, Ренџерс!
We love the current badge, guys, but we thought it would only be right to pay tribute to your greatest European triumph. ?
Retro. #CELZEN #Manchester2008 https://t.co/UuMzJnrSPK
— Celtic Football Club (@CelticFC) February 13, 2018