Шкотската Премиер лига утре ќе ја прекина сезоната на состанокот на бордот, со што Селтик по деветти пат едноподруго ќе биде прогласен за шампион, а Хартс ќе испаднат во втора лига. Хартс и лутите ривали на Селтик, Ренџерс се противат на одлуката.
Селтик имаат 13 поени предност пред Ренџерс на врвот на табелата во уште една доминантна сезона. Премиер лигата одлучила дека нема доволно време да се комплетира сезоната и покрај инсистирањето на УЕФА сите лиги да се комплетираат наместо да бидат прекинати.
Селтик веќе го освоија трофејот од Лига купот, но останува неизвесно што ќе се случи со Шкотскито куп, каде што „зелените“ играат со Абердин во полуфиналето. Селтик, Абердин, Ренџерс и Мадервел се квалификуваат за европските купови.