Top Sport

Калинскаја се „предомисли“: Не мислев на Кирјос, тој е супер момче

И покрај тоа што се сметаше дека Ана Калинскаја директно го нападна своето поранешно момче Ник Кирјос нарекувајќи го „лоша личност“ на социјалните мрежи, сега руската 95-рангирана тенисерка вели дека некој погрешно го разбрал тоа и дека и покрај разделбата нема конфликт со австралискиот тенисер.

21-годишната Калинскаја беше во врска со Кирјос неколку месеци, по што австралискиот тенисер успеа малку да го смени имиџот на „лошо момче“ откривајќи ја битката со депресијата и предводејќи ја хуманитарната борба по австралиските пожари на почетокот на годината. Сега, очигледно и Калинскаја го смени мислењето за 25-годишниот тенисер.

„Тој не направи ништо. Тој е добра личност и тој коментар не беше за него. Не знам зошто сите заклучија така. Тој е голем тенисер и добра личност“, вели Калинскаја во интервју за магазинот „Конфиденшл“.

Калинскаја се наврте против Кирјос по разделбата: Еб.н вампир!

Scroll to Top