Top Sport

Сем Алардајс го презеде Лидс, ќе добие огромен бонус ако го спаси од испаѓање

Англискиот премиерлигаш Лидс Јунајтед потврди дека нов тренер на првиот тим ќе биде искусниот Сем Алардајс (68). Популарниот Биг Сем потпиша договор со премиерлигашот до крајот на сезоната, а медиумите на Островот велат дека ќе добие бонус од дури 2.500.000 фунти доколку го задржи клубот од Јоркшир во елитата.

Задачата нема да биде нималку лесна, Лидс на четири натпревари до крајот на првенството има 30 бода и се наоѓа веднаш над зоната за испаѓање поради подобрата гол-разлика од Евертон со идентичен број бодови.

Алардајс не можеше да избере потешко деби, Лидс в сабота од 16 часот му гостува на актуелниот англиски шампион Манчестер Сити, додека до крајот на сезоната го очекуваат пресметки со Њукасл, Вест Хем и со Тотенхем.

Scroll to Top