Top Sport

Семедо ќе остане во притвор

Фудбалерот на Виљареал, Рубен Семедо, кон крајот на минатиот месец беше уапсен под обвинение дека нападнал, претепал и потоа киднапирал едно лице. Португалецот се соочува со повеќегодишна затворска казна, а до почетокот на судењето ќе мора да остане во притвор бидејќи судот му го одби барањето да биде пуштен со кауција.

Шпанската полиција, на 20 февруари, го уапси Семедо заедно со уште две лица, под сомнение дека во Валенсија киднапирале еден човек. Во „акцијата“, во која неименуваниот маж најпрвин бил претепан било користено и огнено оружје.

Два дена подоцна Семедо е обвинет за обид за убиство, нелегално поседување на оружје и тешко разбојништво. Играчот на Виљареал е задржан во притвор без право да биде пуштен да се брани од слобода.

Врховниот суд соопшти дека се сомнева во искреноста на изјават со која Семедо побарал да биде пуштен со кауција.

Во меѓувреме Виљареал го суспендира Семедо. Португалецот минатат година, во јуни, за 14 милиони евра на „Ел Мадригал“ пристигна до Спортинг.

Scroll to Top