Top Sport

Во Шпанија немаат место, но би биле стартери во секоја друга репрезентација

Хулен Лопетеги, селектор на фудбалската репрезентација на Шпанија, вчера го објави списокот на играчи кои ќе настапат на пријателските натпревари против Германија и Аргентина.

Шпанскиот селектор одново беше на големи маки да избере 24 имиња, поради што без повик останаа неколку големи ѕвезди.

Спротската јавност во Шпанија по објавувањето на списокот коментира дека многу големи ѕвезди нема да ја видат Русија, се споменуваат имињата на Мата, Мората, Фабрегас, Витоло…

Весникот „Марка“ состави тим од фудбалерите кои немаат место во шпанската селекција, а кои во поголем дел од дуругите селекции би биле во стартните 11.

Scroll to Top