Орасио Сала, таткото на фудбалерот Емилијано Сала, кој загина во авионска несреќа почина три месеци по смртта на неговиот син. 58-годишниот Сала починал од срцев напад во петокот во Прогресо, Аргентина, потврди аргентинската „Ц5Н“ Тв-мрежа.
„Орасио не можеше да го преболи Еми, но мислевме дека по пронаоѓањето на телото ќе успее да го затвори тој круг“, изјави градоначалникот на Прогресо, Хулио Милер.
Авионот на Сала падна на пат за Кардиф од Нант на 21 јануари, откако Аргентинецот беше на пат за Велс за да се приклучи на новиот клуб Кардиф сити каде што дојде за 15 милиони фунти од францускиот клуб Нант. Телото на Сала беше извлечено од Ла Манш на 8 февруари по приватно организирано барање.