Семејството на дефанзивецот на Тотенхем, Јан Фертонген било држено под закана со нож додека четири мажи го ограбувале неговиот дом во периодот кога фудбалерот бил со својот клуб во Германија поради меч од Лигата на шампиони.
Лондонската полиција потврди дека повеќе луѓе со маски влегле во домот на Белгиецот, додека неговата сопруга и децата биле внатре, а 32-годишниот фудбалер бил во Лајпциг, каде што Тотенхем загуби со 3:0 во меч од осминафиналето од ЛШ на 10 март.
„Го поддржуваме Јан и неговото семејство при оваа неверојатно страшна и трауматична состојба. Ги охрабруваме сите кои имаат некакви информации да помогнат на полицијата во истрагата“, се вели во соопштението на Тотенхем
Полицијата потврди дека пристигнала во станот откако напаѓачите заминале со пленот, и засега нема осомничени.