Top Sport

Семејството покрај Пеле по очигледното влошување на неговото здравје

И покрај постојаните деманти од страна на семејството, бразилските медиуми се сигурни дека зравствената состојба на легендарниот Пеле се влошува, посебно откако семејството се собра во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло, каде што ги поминаа божиќните празници.

Докторите потврдија дека ракот на 82-годишниот Пеле во напредната фаза и дека му е потребен посебен третман на срцето и бубрезите. Пеле минатиот септември беше на операција на дебелото црево, а од ноември оваа година, неговата состојба се влошува.

„Речиси сите сме тука. Среќен Божиќ. Благодарност, љубов, заедништво, семејство. Суштината на Божиќ. Ви благодариме за цел љубов и светлост која ни ја праќате“, напиша неговата ќерка, Кели Насименто.

Синот на Пеле, Едињо, кој беше голман на Сантос во 1990-тите, објави фотографија на која ја држи раката на неговиот татко во саботата со порака: „Татко, мојата сила е твој“.

Минатиот викенд весникот „Фоља ди С.Пауло“ објави дека хемотерапијата не функционира и дека лекарите го поставиле на палијативна грижа, иако неговото семејство го демантираше ова.

Scroll to Top