Еден од највлијателните фудбалски менаџери во светот на фудбалот, Мино Рајола почина во саботата на почина на 54 годишна возраст.
Тој од почетокот на годината имаше здравствени проблеми, а неодамна беше и опериран.
Голем број познати светски медиуми, во четвртокот, објавија дека Рајола починал. Најпрвин тој, а потоа и од болницата ги демантираа тие информации.
„Во нашата бескрајна тага, ја споделуваме смртта на најгрижливиот и прекрасен фудбалски агент што некогаш постоел. Мино се бореше до крај со истата сила како што се бореше на преговарачките маси кога ги претставуваше играчите. Им благодариме на сите за големата поддршка што ја добивме во овие тешки и во ова време на тага“, објави семејството на Инстаграм.
Рајола е роден во 1967 година во Италија, но поголемиот дел од детството и младоста го поминал во Холандија. Своето име во светот на фудбалот го изгради на трансферите на Денис Бергкамп и Павел Недвед, а во годините што следеа стана синоним за најголемите трансфери и најдобрите играчи.
Тој беше агент на некои од најголемите фудбалски ѕвезди, вклучувајќи ги Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба, Ерлинг Холанд…