Top Sport

Сен Максиман кај Алиоски во Ал Ахли

Ал Ахли, клуб чии дрес го носи македонскиот репрезентативец, Џани Алиоски, до крајот на денот ќе официјализира уште еден трансфер.

Вчера во Ал Ахли пристигна Ријад Марез, а денес се очекува клубот да го засили Алан Сен Максиман (26).

Французинот минатата недела ги заврши лекарските прегледи, а неодамна потпиша и договор. Затоа, нема никакви пречки на неговиот пат кон Саудиска Арабија. Сен Максиман, претходните три сезони го носеше дресот на Њукасл.

Покрај Марез и Сен Максиман во Ал Ахли пристигнаа напаѓачот Роберто Фирмино и голманот Едуард Менди. Исто така во клубот пристигна и новиот тренер, Матијас Џасл, кој до пред два дена го предводеше Салцбург.

Scroll to Top