Top Sport

Сенегал и „Слоновите“ се пласираа на Светското првенство

Фудбалските репрезентации на Сенегал и Брегот на Слоновата Коска обезбедија директен пласман на Светското првенство во последното коло од африканските квалификации. Претходно место на СП од Африка обезбедија Алжир, Тунис, Мароко, Гана, Египет и Зеленорските острови.

Сенегалците ја победија Мавританија со 4:0 во натпреварот од Групата Б и го потврдија првото место што води на Светското првенство.

Најзаслужен за триумфот на Сенегал беше поранешниот играч на Ливерпул, Садио Мане, со два гола, а Илиман Ендиаје од Евертон и Хабиб Дијало постигнаа по еден гол.

Во истата група ДР Конго оствари триумф од 1:0 над Судан и го освои второто место, кое, како една од четирите најдобри второпласирани репрезентации во квалификациите, го води во плејофот.

Гол за пласман во баражот го постигна напаѓачот на Спартак Москва, Тео Бонгонда.

Брегот на Слоновата Коска славеше над Кенија со Кенија со 3:0 и го остави зад себе Габон во Групата Ф.

Головите за „слоновите“ ги постигнаа Франк Кеси, Јан Диоманде и Амад Дијало.

Габон ќе оди во плејофот откако вечерва го победи Бурунди со 2:0 благодарение на головите на Брајан Енгу и Марио Лемина на крајот од натпреварот.

Сега во африканските квалификации, нè очекува бараж во кој се пласираа Габон, ДР Конго, Камерун и Нигерија.

Само еден од нив продолжува во интерконтиненталниот бараж каде што ќе бидат и Боливија, Нова Каледонија, две селекции од Северна Америка и една од Азија.

Од тој бараж, само две селекции ќе се пласираат на Светското првенство.

Scroll to Top