Сенегал со 2:0 ја победи Танзанија во својот прв меч на Африканскиот куп на нации, за да докаже дека е еден од фаворитите за освојувањето на турнирот во Египет.
Фудбалерот на Интер, Кеита Балде им донесе водство на „Лавовите од Теранга“ со гол во 28. минута, за Крепин Диата да го осигура триумфот со гол во 64. минута.
Со победата, Сенегал е на првото место во групата Ц, каде што вечерва од 22 часот играат Алжир и Кенија.