Top Sport

Сенегалците со „студен туш“ за Полска во Москва

Сенегал со 2:1 ја совлада слабата Полска на стадионот „Спартак“ во Москва во меч во кој европските фаворити се победија самите себеси со една „пренасочена“ топка и со една катастрофална грешка во одбраната. Сенегал и Јапонија сега имаат по една победа во групата Ф, додека фаворитите Полска и Колумбија се без поени.

Полјаците имаа ужасно слабо прво полувреме во кое не покажаа многу фудбалски идеи и покрај тоа што се на осмото место на ФИФА листата, додека африканската селекција се покажа како цврста.

Сенегалците се заканија во 18. минута преку Нианг, додека Полјаците во 23. минута беа во опасна ситуација преку Левандовски, но во половина час од натпреварот немаше ниту еден удар на голот. Сенегал во 37. минута стигна до водство од на прв поглед безопасна акција, кога Гуеје шутираше од работ на шестнаесетникот, за да го „закачи“ Тијаго Чионек, кој го сврте ударот зад грбот на Шчесни.

 

Роберт Левандовски имаше одлична можност да израмни на 1:1 на почетокот на второто полувреме, кога од слободен удар од 20-тина метри упатува фантастичен удар за Н’Диаје да ја одбрани топката. Левандовски имаше и одличен обид во 55. минута, но тогаш уште еден „студен туш“ за Полјаците – Криховијак ја врати топката кај одбраната, додека Шчесни излезе на 35 метри, а Нијанг ја искористи грешката и доенсе 2:0 водство.

Слабиот Милик беше изваден од игра и на негово место влезе Ковњацки, но играта на Полска не се смени многу. Криховијак во 86. минута носи намалување на резултатот по нафрлањето на Гросицки, но до крајот на мечот Полјаците не успеаја да направат целосен пресврт.

Фото: ЕПА

Scroll to Top