Top Sport

Сенегалскиот селектор удри по Клоп: Што си замислува дека е тој?

Сенегалскиот селектор Алиу Сисе влезе во неверојатен напад на менаџерот на Јирген Клоп за неговиот коментар околу Африканскиот куп на нации, посочувајќи дека успехот на неговиот Ливерпул е резултат на фудбалерите од овој континент.

Клоп предизвика многу реакции во Африка, кога саркастично го опиша Африканскиот куп нанации како „мал турнир“ по 4:0 победата над Арсенал. Иако Клоп беше саркастичен, бидејќи ќе загуби дел од своите ѕвезди како Мохамед Салах, Садио Мане и Наби Кеита за турнирот, во Африка ова беше протолкувано како наредба.

„Што си замислува дека е тој? Јас сум селектор на Сенегал, а моите играчи играат за Клоп во Ливерпул. Ги почитувам Ливерпул, но не кога Клоп ги потценува африканските турнири. Тој е таму каде што е сега поради африканските фудбалери. Ги губеше сите финалиња додека Салах, Мане, Матип не дојдоа да го спасат во првото големо финале“, вели Сисе, кој како фудбалер играше во Премиерлигата со Бирмингем сити и Портсмаут.

Клоп минатата недела го разјасни својот коментар.

„Не мислев така и не знам зошто се заклучи така. Во никој случај не зборувам за Африканскиот куп како за мал турнир, или за континентот Африка како мал континент. Има голем турнир, и ќе ги загубиме нашите најдобри фудбалери за Африканскиот куп“, изјави тогаш Клоп.

Scroll to Top