Top Sport

ММА: Поранешниот дилер, тетовираниот „лудак“ со нокаут со „летечко колено“ за 7 секунди!

Во еден од најлудите ММА мечеви овој викенд, италијанскиот тетовиран „лудак“ Валтер Пуљези, поранешен дилер, во саботата во „Голден кејџ“ турнирот во Италија го нокаутираше својот противник за 7 секунди, откако претходно одби да се ракува.

Пуљези, кој за своите фанови е „Кракен“, прво одби да се ракува со украинскиот противник Константин Линик, по што веднаш го прати на подот со удар со колено во глава. Пуљези сега има 8-3 скор во ММА борбите.

Неговата животна приказна е неверојатна.

„Работата почнаа кога пушев трева со моите пријатели. Потоа почнав да крадам од другите тинејџери. На 15 години првпат бев уапсен со еден пријател, кој потоа умре од предозирање. Поминав две години и три месеци на рехабилитација. Потоа ги сменив дрогите со ММА борбите. Нешто да ме држи настрана“, вели Пуљези.

Scroll to Top