Top Sport

Сенегалските фудбалери добија пари, но и 700 метри квадратни земјиште

Претседателот на Сенегал, Маки Сал ја награди фудбалската репрезентација со пари, но и со земјиште по победата на Африканскиот куп на нации, објавува „АФП“. Во церемонија во претседателската палата во Дакар, тој вчера им го додели и престижниот орден „Редот на лавот“.

„Со вашата сила и креативен гениј, го сменивте текот на историјата. Сонувавме за титулата, а вие ја направивте реалност“, изјави претседателот Сал.

Тој објави дека фудбалерите ќе добијат по околу 80.000 евра за победата, како и 200 квадратни метри земјиште во Дакар и 500 квадратни метри во градот Дијамниадио.

Scroll to Top