Top Sport

Сензација во Премиер лигата: Хадерсфилд прв го порази Јунајтед (Видео)

Новиот член на Премиер лигата, Хадерсфилд, го приреди најголемото изненадување во досегашниот дел од сезоната во Англија. Хадерсфилд во 9.коло славше над Манчестер Јунајтед 2:1, со што на „црвените ѓаволи“ му го нанесоа првиот пораз во првенството.

Аутсајдерот Хадерсфилд максимално ги искористи ктастрофалните грешки во одбраната Манчестер Јунајтед, а потоа со борбена игра успеа да ги одбие нападите на противникот и да ја забележи една од најголемите победи во клупската историја.

Грешката на Мата во 28 минута во гол ја претвори Муј, а пет минути подоцна почетнички згреши Линделоф, а гол за 2:0 постигна Депуатр.

Јунајтед не успеа да се врати во натпреварот, само успеа преку Рашфорд да намали на 2:1 во 78 минута.

Од поразот на Јунајтед најмногу профитираше градскиот ривал Сити кој го совлада Барнли 3:0 и ја зголеми предноста на врвот. Стрелци за „граѓаните“ беа Серхио Агуеро, кој по повредата здобиена во сообраќајна несреќа се врати во тимот, односно Отаменди и Сане.

Супер интересен натпревар одиграа актуелниот првак Челси и Вотфорд. По два пресврти бодовите ги освоија „сините“ на Антонио Конте со победата 4:2.

Челси стигна до предност со голот на Педро, но до крајот на првиот дел Вотфорд направи целосен пресврт преку Докуре и Переира. Во второто полувреме Батшуаи израмни на 2:2, а потоа Аспиликуета во 87 и уште еднаш Батшуаи во 95 му ја донесоа победата на Челси.

Њукасл со голот на Мерино во 86 минута минимално со 1:0 го победи Кристал Палас. Лестер победи кај Свонси 2:1 со авто голот на Фернандез и погодокот на Оказаки, додека стрелец за домаќинот беше Мејсон. Победа од 2:1 забележа и Борнмут на гостувањето кај Стоук.

Scroll to Top