Top Sport

Вардарки како на лесен тренинг во Норвешка

ЖРК Вардар ја забележа и третата победа во третиот меч од Лигата на шампионите оваа сезона, откако покажа апсолутна доминација на гостувањето кај Ларвик во Норвешка победуваќи со 31:19 (16:9).

Исходот на мечот не беше неизвесен во ниту еден момент, посебно бидејќи норвешкиот тим по заминувањето на клучните играчи на крајот на сезоната, оваа година реши да се потпре на младите сили, и поради тоа се еден од четирите тима во Лигата на шампиони кои уште немаат победа.

Андреа Пенезиќ постигна шест гола во победата, додека одлична беше и Сара Ристовска која исто така имаше шест, а Андреа Лекиќ имаше пет гола во рутинската победа. Кај Ларвик најефикасна беше Емили Кристенсен со четири постигнати голови.

Во вториот натпревар од групата Ц, вечерва играат Турингер и Ференцварош.

Scroll to Top