Top Sport

Сензационален гол со „двојна петица“ во Парагвај (видео)

Голот со „двојна петица“ од парагвајската лига предизвика вистинска сензација на Интернет и многумина велат дека иако уште е март, се работи за еден од головите на сезоната.

Крилото Хорхе Рохас, наместо да застане кога топката беше предолга, ја враќа со петица назад кон Ернан Новик, кој уште еднаш со петица го „збунува“ дефанзивецот, и ја врти на десната нога за одличен гол.

Мечот меѓу Серо Портењо и Спортиво Лукењо заврши 2:0 за домаќините. Ернан Новик е 29-годишен уругвајски фудбалер, кој во кариерата играл за тимови од Уругвај (Феникс, Пењарол) и од Парагвај (Гварани и Серо Портењо).

Scroll to Top