Top Sport

Сензација на СП – Бразилките елиминирани во групната фаза

Вистинска сензација се случи на Светското првенство кое се одржува во Австралија и Нов Зеланд. Женската фудбалска репрезентација на Бразил доживеа елиминација во групната фаза. Бразилките завршија на третото место во Ф-групата. Од оваа група во осминафиналето се пласираа Франција и Јамајка.

Во третото коло, Бразил не успа да ја победи Јамајка. Бразилките мораа да го добијат овој натпревар, на крајот не успеаја да го скршат отпорот на Јамајка. Резултатот 0:0 ја однесе Јамајка во осминафиналето.

Славната бразилска фудбалерка Марта, една од најдобрите светски фудбалерки во изминатата деценија, неславно ја заврши својата кариера во репрезентацијата.

Таа шест пати ја има освоено Златната топка на ФИФА, но со Бразил никогаш не успеа да се искачи на светскиот врв.

Во вториот меч од групата Франција со 6:3 ја победи Панама и го освои првото место на табелата.

Scroll to Top