Top Sport

Сер Алекс го купи најскапиот коњ во историјата за неверојатна сума

Легендарниот Сер Алекс Фергусон (82) купи тркачки коњ за 740 илјади евра.

Поранешниот тренер на Манчестер јунајтед го купи коњот Колдвел Потер и постави рекорд. Имено, претходниот рекорд за продаден коњ на аукција во „Интерконектед“ го држеше Дарен Јејтс во Донкастер пред пет години за 620 илјади евра.

Фергусон бил вклучен во купување коњи со партнерите Гед Мејсон, Џон Хејлс и Питер Доне.

Фергусон е познат како љубител на трките со коњи, а откако се пензионираше тој целосно се посвети на своето хоби.

Најдобриот менаџер на Јунајтед на сите времиња го предводеше клубот до 13 титули во англиската лига и две титули во Лигата на шампионите. Фергусон го водеше Јунајтед од 1986 до 2013 година.

Scroll to Top