Легендарниот тренер на Манчестер јунајтед, сер Алекс Фергусон, се наоѓа во тешка здравствена состојба, објави „Скај спорт“. Според истиот извор, во текот на ноќта тој треба да биде опериран.
Инаку, „Скај спорт“ не наведува за какви здравствени проблеми станува збор, туку само дека постој голема загриженост за животот на еден од најголемите тренери во историјата на фудбалот.
Во прилог на овие тврдења оди и информацијата дека неговиот тим Дарен Фергусон го порпуштил дуелот на неговиот тим Донкастер од „приватни причини“.
„Дарен побара да биде отсутен од приватни причини и во текот на оваа недела ние тоа ќе му го овозможиме“, се наведува во соопштението од Донкастер.