Серџи Роберто (26) потпишал нов договор со Барселона до 2022 година. Роберто е продукт на школата на Барселона „Ла Масија“, а се шпекулираше дека во летниот преоден рок по него ќе тргне Манчестер Сити.
Барселона, својот играч, го заштити со откупна клаузула од 500 милиони евра.
„Знам дека постоеше интерес од разни клубови, но себеси се гледам на „Ноу Камп“. Барселона е мојот клуб и се надевам дека ова нема да ми биде последниот договор кој ќе го потпишам. Сакам да бидам како Меси и Иниеста, целата кариера да му ја посветам на овој клуб“, рекол Роберто.
Серџи Роберто по вокација е играч од редот за врска, но на таа позиција за првиот тим има одиграно најмалку натпревари Ернесто Валверде и неговиот претходник Луис Енрике го играат на позицијата десен бек.
Роберто за Барселона има одиграно 186 натпревари при што постигнал седум гола.
? @SergiRoberto10 signs his contract extension with FC Barcelona until 2022 ?❤ #ForçaBarça #SergiRoberto2022 pic.twitter.com/sRQ6UbSBKm
— FC Barcelona (@FCBarcelona) February 22, 2018